| четврток, 6 декември 2018 |

Храбар потег на Јаневски, Давид Бабунски ќе го почне натпреварот со Шкотска

Храбар потег повлече селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Чедомир Јаневски, а одлуката е во првиот состав за првпат да биде младиот и екстра-талентиран фудбалер на Барселона Б, Давид Бабунски. Очекувано осмиот настап на нашата репрезентација во квалификациите ќе го пропушти Агим Ибраими поради парни жолти картони, а Јаневски се одлучи овие единаесет фудбалери да и се спротивстават на Шкотска.

Пачовски, Георгиевски, Ристовски, Новески, Шиков, Бабунски, Трајковски, Стјепановиќ, Јаховиќ, Пандев и Тричковски. Натпреварот почнува од 20,30 часот.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top