| четврток, 6 декември 2018 |

Танцувале, се прегрнувале, ја допирал за задникот…Кејти Холмс и Џејми Фокс се во врска?

Една година по спектакуларниот развод од Том Круз, кејти Холмс не даваше никакви знаци за љубовен живот. Но, неодамна е видена во Хамптонс, градско излетиште на најбогатите Њујорчани, како до зори танцува со ѕвездата на филмот „Џанго“, Џејми Фокс.

Се имало таму, прегратки, заведување и нежно допирање за задникот, но еден ден откако Перез Хилтон, озлогласениот блогер го објави ова, Кејти демантираше.

Еден сведок од Хамптонс за „УС викли“ рекол: Не знам играа, се прегрнуваа, тој ја допираше за задникот, не знам можеби само сакаше да ја доврши работата“.

Една жена пак, изјавила дека било очигледна одбивањето на кејти, но исто така било очигледно дека и годи додворувањето.

Во секој случај поради една вечера си ги навлекоа таблоидите на врат па во иднина може да се очекуваат натписи во насока дали се пријатели или ја кријат врската.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top