| четврток, 6 декември 2018 |

Љубомир Михајловски – Џанго избран за претседател на Адвокатската комора

Адвокатите го избраа Михајловски за нов претседател, а за негови заменици изгласани се Јелена Ристиќ и Бесим Реџепи. Адвокатската комора на Македонија доби и нов Управен одбор.

Љубомир Михајловски е поранешен министер за внатрешни работи во периодот од 2004 до 2006 година, а на функцијата претседател на АКРМ доаѓа на местото на Никола Додевски, кој му беше адвокат на Никола Груевски во повеќе судски процеси.

Со 63-тото годишно собрание кое се одржа во Струга претседаваше адвокатката Снежана Калевска, а присуствуваа 219 од предвидените 270 делегати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top