Викторија Азаренка се намачи против Ана Ивановиќ, но успеа да го добие последниот осминафинален дуел на САД опен во женска конкуренција. Белоруската тенисерка направи пресврт и славеше со 3-6, 6-3, 6-4, со што го продолжи учеството на турнирот на кој лани играше во финалето.
Следна противничка ќе и биде Даниела Хантукова, претставничката на Словачка, која исто така победи во три сета за четвртфинале против Алисон Риске од САД.
Во битка за пласман во полуфиналето вечерва ќе играат Макарова и Ли, а во ноќниот дел од програмата шампионката Серена Вилијамс за противничка ќе ја има Карла Суарез Наваро од Шпанија. За утре е закажано италијанското дерби меѓу Роберта Винчи и Флавија Пенета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.