Дванаесет патници на летот од Мадрид до Сао Пауло биле повредени кога нивниот авион наишол на силни турбуленција. Леталото на команијата „ТАМ ерлајнс“ принудно слетало во градот Форталеза на северот на Бразил.
Турбуленцијата, според сведоштво на патниците, траела неколку секунди, но предизвикала паника, а повеќе луѓе удриле со главата во „таванот“ на авионот.
Во авиокомпанијата изјавиле дека двајца патници биле упатени на болничко лекување, а повеќемина имале исеченици и скршеници на коските.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.