| четврток, 6 декември 2018 |

Стареете, но не се дебелеете – исхрана според возраста

Имате вишок килограми, но и вашата ќерка се бори со истиот проблем. Отвaрате некое женско списание и ја држите истата диета. Можеби ќе ги изгубите килограмите, но ќе го загрозите вашето здравје. Затоа што не сте на иста возраст и вашиот организам има потреба од различна храна. Ви даваме упатства поврзани со диеталната исхрана и годините

zdrava-ishrana1

Од 18 до 29 години

Смеете да јадете сè
Дајте им предност на призводите богати со протеини, а сиромашни со калории и потрудете се во вашето мени редовно да бидат присутни овошјето и зеленчукот, богати со витамини и растителни влакна. Секако, немојте да ги збаоравите млекото и млечните производи за да го задоволите потребното количество на калциум во организмот. Поради тоа што тоа е период кога се троши голема количина на енергија, потребно е на организмот да му обезбедите калории од скробен зеленчук (грашак, грав и слично).

Важни правила
-Зеленчук и протеини (јајца, риба, месо) можете да ги јадете кога ќе посакате;
-На вашето дневно мени мора да има две порции овошје и две порции млечни прозиводи (пример две јаболки и чаша и пол јогурт);
-Два пати неделно јадете скробен зеленчук;
-Немој да заборавите дека појадокот е многу важен оброк, затоа што калориите се трошат и во текот на ноќта;

Вежбање

Редовното џогирање ќе ви помогне на вас да ја изгубите непотребната тежина. Тоа е еден вид на напор при кој се троши голема количина на калории, што ќе го натера организмот да посегне и по залихите на масното ткиво. Најубаво е да се занимавате со спорт три пати неделно по 45 минути.


Од 30 до 45 години

Шеќерите и мастите организмот и складира како масни наслаги
Затоа што метаболизомот почнува да станува бавен и затоа што во овој период помалку се трошат шеќери и масти,организмот ги скалдира како масни наслаги околу бутовите. Затоа на вашето мени треба да се најде храна богата со протеини и зеленчук, а помалку овошје и млечни производи, и избегнувајте скобен зеленчук.

Важни правила

-Зеленчук и протеини (јајца,риба, месо) во колку сакате количини;
-Дневно две порции млечни производи;
-Дневно една порција овошје;
-Немојте да го прескокнувате појадокот, кој треба да се состои од неколку топли напитоци, производи богати со протеини (јајца, месо, млечни производи) и овошје;

Вежбање

Определете се за спорт кој ги зајакнува стомачните мускули, затоа што на жените во тие години тоа им е најслаба точка. Освен класичните стомачни мускули, стручњаците препорачуваат трчање и пливање два пати неделно по 45 минути.


Над 45 години

Исфрлете од исхраната се она што може да ве здебели
Менопаузата доведува до драматични промени во метаболизмот, секако на ваша штета. Време е да се откажете од се што дебелее, пред се шеќери и масти, со други зборови овошје и млечни прозиводи. Што ви преостанува тогаш? Зеленчукот и протеините во неограничени количини, за да го натерате организмот потребата од енергија да ја црпи од залихите.

Важни правила

-Зеленчук и протеини (јајца, риба , месо) во колку сакате количини;
-Само една порција млечни производи дневно;
-Внесувајте што поголеми количини на течности, можете чај од лековити билки, кои ќе му помогнат на организмот да ги исфрли токсините, на тој начин ќе го спречите создавањето на целулитот;
-Појадокот не треба да биде обилен, на пример чај или кафе (со вештачки засладувач),едно варено јајце или едно парче бело месо и парче сирење;

Вежбање

За вас се иделани вежбите во вода поради што го зајакнуваат кардиоваскулаторниот систем и ги затегнуваат мускулите, а со тоа не ги заморува премногу зглобовите. Во вода вежбите се прават со помалку напор и помали се можностите за повреди. Иделано би било кога би вежбале два пати неделно по 45 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top