Апсолутно сум против секој вид оружје, воздушни или ракетни напади. Се противам на сѐ што е деструктивно бидејќи имав лично искуство и знам дека тоа никому ништо не носи, изјави најдобриот тенисер на светот, 26- годишниот Новак Ѓоковиќ, коментирајќи ги во Њујорк најавите за евентуален воздушен напад врз Сирија.
Новак имал 12 години кога силите на НАТО го бомбардираа неговиот роден град Белград во 1999 година, па додава дека воената интервенција не е добро решение.
– Бевме немоќни, за среќа сите преживеавме и од тоа искуство и таа ситуација извлековме голема животна лекција – додава Ѓоковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


