Францускиот вицешампион Монпелие го доби првиот дуел со Висла Плок со 29-27, во бараж двомечот за пласман во Лигата на шампионите. Реваншот е в недела од 16 часот, а Полјаците се покажаа како тврд орев и, покрај поразот, имаат добра позиција за настап во елитното натпреварување. Гостите дури и водеа со 4 гола разлика на полувремето, 11-15, но со подобра игра во вториот дел фаворитот од Франција, сепак, се избори за предност од 2 погодоци пред реваншот во Плок.
Истиот ден и македонскиот вицешампион Металург ќе му гостува на ПИК Сегед на реванш по блескавиот триумф од 26-16 во Скопје. Натпреварот ќе се игра во Сегедин од 19 часот. Експедицијата на Металург денеска патува за Унгарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.