| четврток, 6 декември 2018 |

Убав гест на УЕФА, помош од еден милион евра за фондацијата на Јохан Кројф

УЕФА ѝ додели еден милион евра на фондацијата на легендарниот холандски ас Јохан Кројф, на вчерашната церемонија во Монако, при извлекувањето на двојките од фазата по групи во ЛШ и прогласувањето на најдобриот фудбалер во Европа за 2012 година.

Кројф ја основаше фондацијата во 1997 година, а таа се грижи за сиромашните и за децата со пречки во развојпт, со изградба на игралишта, со вклучување на најмладите во фудбалските школи и со грижа за психофизичкото здравје на најмладите. Приказната почна со момче што има Даунов синдром, а Кројф му помогна да спортува со останатите деца во неговата околина. Програмата се разви мошне успешно, а моментно околу 15 илјади деца играат фудбал на 176 игралишта што се изградени со помош на фондацијата на Кројф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top