УЕФА ѝ додели еден милион евра на фондацијата на легендарниот холандски ас Јохан Кројф, на вчерашната церемонија во Монако, при извлекувањето на двојките од фазата по групи во ЛШ и прогласувањето на најдобриот фудбалер во Европа за 2012 година.
Кројф ја основаше фондацијата во 1997 година, а таа се грижи за сиромашните и за децата со пречки во развојпт, со изградба на игралишта, со вклучување на најмладите во фудбалските школи и со грижа за психофизичкото здравје на најмладите. Приказната почна со момче што има Даунов синдром, а Кројф му помогна да спортува со останатите деца во неговата околина. Програмата се разви мошне успешно, а моментно околу 15 илјади деца играат фудбал на 176 игралишта што се изградени со помош на фондацијата на Кројф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


