Шпанскиот голман Ињаки Малумбрес ќе го засили македонскиот ракометен шампион Вардар, според најавите од таборот на „црвено-црните“. Откако пропадна ангажманот на Матеј Ашанин од Адемар Леон, Вардарци стапија во преговори со 38-годишниот чувар на мрежата на истиот клуб, Адемар Леон. Двете страни се многу блиску до договор, а нашиот шампион би добил одличен голман кој порано бранеше и за Портланд Сан Антонио. Интересно е што Ињаки летово потпиша договор со Атлетико Мадрид, но клубот банкротираше и згасна. Оттаму во Вардар дојде и извонредниот бек Алекс Душебаев, син на легендарниот Талант Душебаев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


