| четврток, 6 декември 2018 |

Се бара партнер за „Еурокомпозит“

еурокомпозитВладата бара стратешки партнер за „Еурокомпозит“. Владата со внимание е фокусирана кон решавањето на ситуацијата во „Еурокомпозит“ и верува дека ќе успеат во наоѓање решение, рече Груевски во Прилеп.

– Во потрага сме по стратешки партнер. За овој проблем често разговараме на седници во Владата барајќи начини како да се помогне. Пред неколку денови имав состанок со министерот за инвестиции Џери Наумоф кој ме информираше дека пронашол одредени компании што имаат интерес да склучат договор за производство со „Еурокомпозит“. Во овие разговори вклучен е и заменик-министерот Христијан Делев, барајќи да најдеме стратешки партнер слично како со Тутунскиот комбинат. Будно ја следиме ситуацијата со „Еурокомпозит“ и верувам дека ќе успееме. Можам да ветам дека се ќе дадеме во тој правец, изјави премиерот Никола Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top