| четврток, 6 декември 2018 |

Тасевски се враќа за Велс и Шкотска, повикан и Давид Бабунски

Селекторот Чедомир Јаневски одлучи да го врати во составот Дарко Тасевски за квалификациските дуели со Велс на 6 септември и со Шкотска 4 дена подоцна што ќе се играат во Скопје на „Филип втори“ арената. Во репфрезентацијата кам-бек прави и Александар лазевски, откако тој не настапи на пријателскиот дуел со Бугарија. Добрата игра против нашиот источен сосед му донесе повик и на суперталентот од Барселона, Давид Бабунски, кој ќе дебитира во квалификациски меч, секако, ако добие шанса од Јаневски.

„Не очекуваат исклучително важни и тешки натпревари. Против Велс и Шкотска започнува нашата битка за подобар пласман во квалификациите, имаме шанса за трето место во групата и тоа е доволен мотив за сериозен пристап во двете пресметки. Најголем дел од играчите беа на списокот и на пријателскиот натпревар со Бугарија.  Повикавме 22 играчи, во неполна седмица не очекуваат два натпревари, а наша тенденција е на секоја позиција да имаме по двајца фудбалери за да се заштитиме од евентуални повреди или суспензии поради картони. Во тимот се враќаат Грнчаров, Тасевски и Лазески. Ситуацијата во нашата група е прилично комплицирана, нашата цел е да го подобриме пласманот и затоа подготовките и сериозноста во пристапот се многу значајни за нас. Повеќето од фудбалерите веќе се во натпреварувачки ритам и сметам дека квалитетно ќе одговорат на повикот. Велс е сериозна репрезентација, исклучително квалитетна и борбена, селекција која  „бега“ од типичниот, островски начин на игра.  Имаат неколку фудбалери од Премиер лигата, го имаат Гарет Бејл, веројатно се враќа  Белами и мораме да ги респектираме, но ќе повторам, пристапот и нашата желба е најважна. Се надевам дека ќе добиеме и голема поддршка од навивачите“ – е изјавата на Јаневски за официјалната интернет страница на ФФМ.

Еве го составот на Македонија за дуелите со Велс и Шкотска

Голмани: Томе Пачовски (Мехелен, Белгија), Кристијан Наумовски (Динамо Букурешт, Романија), Дарко Тофилоски (Кошице, Словачка),

Одбрана: Бобан Грнчаров (Ботев, Бугарија),  Даниел Георгиевски (Стеауа Букурешт, Романија), Стефан Ристовски (Латина, Италија),  Николче Новески (Мајнц 05, Германија),  Ванче Шиков (Волин, Украина), Александар Лазевски (Ховерла, Украина),  Даниел Мојсов (Бран, Норвешка), Даниел Ивановски (Мјалби, Шведска).
Среден ред: Остоја Стјепановиќ (Висла Краков, Полска),  Дарко Тасевски (Кирјат Шмона, Израел),  Никола Глигоров (Хазар Ланкаран, Азербејџан), Давид Бабунски (Барселона Б, Шпанија).
Напад: Горан Пандев (Наполи, Италија), Агим Ибраими (Марибор, Словенија), Иван Тричковски (Васланд Беверен, Белгија), Мирко Ивановски (Астра, Романија), Александар Трајковски (Зулте Варегем, Белгија), Адис Јаховиќ (Вил, Швајцарија), Јован Костовски (Леувен, Белгија).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top