Динамично дуо“ е насловен проектот на македонските сликарки Симонида Филипова Китановска и Касиопеја Наумовска, што в петок на 30 август, премиерно ќе ѝ биде претставен на публиката во берлинскиот „Прима центар“. Отворањето на заедничката изложба, што патем ќе се одвива до 14 септември, ќе биде следено и со ликовен перформанс на кој тие пред присутните во галеријата, преку своите сопствени творечки ракописи, ќе го претстават и етапното настанување на идејата за едно уметничко дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


