Незадоволството експлодира по вчерашниот пораз на Штутгарт од Аугсбург (2-1), по што овој клуб по три кола нема ниту еден освоен бод во германското првенство, а загуби со 2-1 и од хрватскиот клуб Ријека во плејоф-колото за пласман во групната фаза од Лигата на Европа.
Бруно Лабадија е првата тренерска жртва во Бундес-лигата во новата сезона, а заедно со него од клубот си заминува и досегашниот негов асистент Еди Созер. Раководството на Штутгарт во текот на денешниот ден и официјално ќе ја објави разделбата со Лабадија, а многу брзо треба да постави и нов шеф на стручниот штаб, кој првпат ќе го предводи тимот на реванш-натпреварот со Риека во ЛЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.