Сакам да бидам трезен, не сакам да умрам! А сум на работ на смртта, поради мојата зависност од алкохолот”, рече некогашниот најдобар боксер на светот, Мајк Тајсон на прес-конференција и додаде:
-Правев лоши работи во животот, понекогаш бев навистина лош човек. Сакам тоа да се промени, да ми се простат гревовите.
47-годишниот боксер во пензија изјави дека тргнал на патот кон подобро, но дека тоа е неизвесно.
-Порано лажев дека сум чист, но така се лажев и себеси. Овојпат е вистински. Шест дена немам земено ниту алкохол ниту дрога, а тоа е чудо за мене. Не сакам веќе никогаш да бидам зависен од тоа – додава тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


