| четврток, 6 декември 2018 |

Тајсон: Умирам

tajsonСакам да бидам трезен, не сакам да умрам! А сум на работ на смртта, поради мојата зависност од алкохолот”, рече некогашниот најдобар боксер на светот, Мајк Тајсон на прес-конференција и додаде:

-Правев лоши работи во животот, понекогаш бев навистина лош човек. Сакам тоа да се промени, да ми се простат гревовите.

47-годишниот боксер во пензија изјави дека тргнал на патот кон подобро, но дека тоа е неизвесно.

-Порано лажев дека сум чист, но така се лажев и себеси. Овојпат е вистински. Шест дена немам земено ниту алкохол ниту дрога, а тоа е чудо за мене. Не сакам веќе никогаш да бидам зависен од тоа – додава тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top