
Либерално демократската партија смета дека предлогот на премиерот Никола Груевски да се одржат предвремени парламентарни избори на 13 октомври, е крајно несериозен и неодговорен чин.
ЛДП смета дека неподготвеноста и неспособноста на ВМРО- ДПМНЕ да ја прифати одговорноста за настаните пред и во македонското Собрание од 24 декември 2012 година, не може да биде причина и мотив за да се одржат предвремени парламентарни избори на 13 окомври 2013 година.
Со делот од изјавата за медиуми во кој се бара предвремените избори, доколку Груевски инсистира на нив да бидат во европски стил, сепак ЛДП остава простор дека би можела да учествува на нив
„ Во услови кога Груевски инсистира Анкетната комисија да ја заврши својата работа со ,,било каков извештај, на чело со било каков претседател“ заради позитивниот Извештај на Комисијата на ЕУ , тогаш е неопходно вонредните парламентарни избори да се одржат согласно европските критериуми утврдени во рамките на ОБСЕ, изјавија од ЛДП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


