Дејан Манасков е македонскиот виор во покерот најталентирани балкански ракометари според изборот на новиот ракометен магазин „Ракомет ексклузив“, чие премиерно издание ќе излезе во септември.
Во приказната за бисерите на ракометната игра покрај левото крило на Металург и на македонската ракометна репрезентација во изборот на уредниците на магазинот како најталентирани се наведени и Словенецот Борут Мачковшек, потоа српскиот бисер Богдан Радивоевиќ и хрватскиот голман Филип Ивиќ.
Манасков утре ќе полни 21 година и е едно од најталентираните леви крила на планетата. Повредата во финишот на ланската сезона го одалечи од терените, но Дејан полека но сигурно се враќа во ритам и ќе биде подготвен за новите предизвици и во Металург и во македонската репрезентација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



