Колку прашања останаа отворени по интензивните средби меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за 24 декември 2012 година?! Зоран Заев вели едно, Давитковски неколку, а Игор Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во приватна Фејсбук преписка вели дека СДСМ ги употребува новинарите како топовско месо.
Зоран Заев, лидерот на СДСМ рече дека ВМРО-ДПМНЕ се согласило со оценката дека бркањето на пратениците од Собранието било не уставно, но не и со истата оценка за истата постапка со новинарите.
-ВМРО-ДПМНЕ прифати формулација за уставни прекршувања при употребата на сила и отстранувањето на пратениците од собраниската сала. За жал, премиерот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да го направат последниот чекор. Не беа подготвени да констатираат противуставност при отстранувањето на новинарите од собраниската сала на критичниот ден – рече Заев.
Борче Давитковски пак, претседателот на комисијата вели дека останале само уште неколку прашања да се усогласат, за да може да има конечен извештај.
Илија Димовски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, пак смета дека изјавата на Заев е класичен обид за тоа и новинарите да се стават во функција на овие несогласувања за „да бидат покритие за однесувањето на СДСМ“.
Димовски на Фејсбук пишува дека „само СДСМ вели дека една работа останала неусогласен, а сите други велат неколку… значи не се работи за новинарите, туку за тактиката и однесувањето на СДСМ… значајно е дека тезата на СДСМ дека само тоа останало недефинирано е лажна, а тоа покажува дека и овој пат се спремни да ги користат новинарите како топовско месо…и наместо да дискутираме за партиите, тие дебатата ја пренасочуваат кон новинарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


