| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанија излезе од рецесија

spain-gdpТрговскиот дефицит на Шпанија во јуни е сведен на нула, а земјата излегува од долгогодишната рецесија остварувајќи брз раст на извозот, соопштија шпанските власти.

Трговскиот дефицит на Шпанија во јуни паднал на 106,7 милиони евра, од рекордните 2,7 милијарди евра во истиот период лани.

– Трговскиот биланс се приближува на урамнотежено ниво. Извозот скокнал на годишно ниво од 10,5 отсто, што е во рамките на порастот на извозот на Европската унија за 15,4 отсто. Во исто време увозот се намалил за 2,8 отсто поради послабата домашна потрошувачка – информираа од шпанското Министерство за економија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top