Грците се во исчекување на официјалниот извештај на УЕФА дали Шалке ќе биде казнет за паното кое за време на натпреварот со ПАОК го извадија навивачите на германскиот тим, јавува дописникот на „Канал 5“ од Атина.
Според грчкиот весник „Та неа“, веднаш по натпреварот, навивач на ПАОК, кој живее во Германија, бил нападнат од група Македонци на паркингот пред стадионот и завршил со полесни повреди.
Грчкиот спортски портал „Газета“, пак, открива дека заедно со навивачите на ПАОК, на трибините имало и грчки полицајци во цивил кои биле во континуирана комуникација со нивните германски колеги, а информацијата за паното со сонцето од Кутлеш ја добиле токму од бело-црните, кои очекувале дека навивачите на Шалке се подготвени на таков чекор, односно провокација, како што ја карактеризираат во Грција.
Брзата реакција на германските полицајци не била случајна, доколку тие не реагирале, постоела опасност самите навивачи на ПАОК да преминат на противничката трибина за да го „расчистат“ случајот.
И весникот „Шпигел“ со анализа не само на она што се случуваше на трибините туку и за македонско-грчките односи, коментирајќи дека Грција ги блокира нашите обиди за влез во НАТО и во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Македонија е една и единствена и таа е тука“ развеа ПАОК во Солун
-
Сопственикот на ПАОК се извини: Сакав да ги заштитам навивачите, ќе се борам за фер фудбал
-
Со пиштол на ременот, газдата на ПАОК му се заканил на судијата: Ти си мртов човек! (видео)
-
Го признал голот и го прекинал мечот: Извештајот на судијата на грчкото дерби каде сопственикот на ПАОК влета со пиштол