Во близина на Струга вчера е уапсена скопјанка, која беше во бегство, а е дел од полициската акција во која беа притворени службеници на „Македонска пошта“, кои се товарат за незаконско работење.
Скопјанката, неофицијално, е сопруга на поранешен министер од ВМРО-ДПМНЕ, во тогашното Министерство за градежништво.
Групата беше осомничена дека на двајца разбојници пред еден месец им овозможила без проблем да ја ограбат поштата во Чаир, од каде што беа украдени 211.000 евра.
Втората осомничена жена, која е роднина на висок функционер од ДУИ, сѐ уште е недостапна на органите на прогонот. Извори од МВР за „Плусинфо“ велат дека таа е надвор од државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Jа ограбиле бабата која им изнајмила соба во Охрид: Двајца скопјани во притвор
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата