| четврток, 6 декември 2018 |

Од ЕХФ се немилосрдни, Холандија казнета со 550 илјади евра

Европската ракометна федерација ги казни Холанѓаните со 550 илјади евра за откажување на организацијата на континенталниот шампионат во женска конкуренција во 2012 година. Објаснувањето на холандската федерација беше дека не можат да бидат домаќини по стандардите на ЕХФ, а повлекувањето се случи на само 6 месеци пред стартот на ЕП. Србија ја презеде улогата на домаќин и го организираше првенството на најдобрите женски селекции во ракомет, а сега ЕХФ одлучи да ја испорача казната за Холандија. Според одлуката на европската куќа на ракометот, оваа земја не може да организира никакво значајно натпреварување до 2016 година. Холанѓаните имаат право на жалба во следните 7 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top