| четврток, 6 декември 2018 |

Данска суперувертира за клучниот двомеч против Белгија

Пријателскиот натпревар против Данска на 6 февруари во Скопје ќе биде одлична увертира за клучните квалификациски дуели со Белгија во март, смета селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Чедомир Јаневски.

– Играат слично како и Белгијците и сметам дека го направивме вистинскиот избор за пријателски меч. Ќе имаме одлична можност за тест на тактичките варијанти, кои ги подготвуваме за двомечот во март против Белгија – вели Јаневски.

Данците ни беа прв противник во официјален квалификациски меч, откако сме самостојна држава, а мечот се одигра на 7 септември 1994 година во Скопје. Тогаш се изборивме за реми, 1-1 во квалификациите за ЕП во 1996 година против актуелниот европски првак Данска. Стрелец на голот за Македонија беше Митко Стојковски. Во истите квалификации игравме и против Белгија, во Брисел беше 1-1, а во Скопје загубивме со 0-5.

Селекторот Јаневски нема да може да смета на услугите на Шиков, Хасани и на Георгиевски, кои се повредени, а повика 21 фудбалер за дуелот со Данска.

Освежување во стандардниот состав треба да бидат Предраг  Ранѓеловиќ од Вардар и Дејан Блажевски од Турново. Тие двајца со Остоја Сткјепановиќ се триото играчи од домашното првенство.

Еве го комплетниот список на репрезентацијата на Македонија:

Голмани: Богатинов и Пачовски

Одбрана: Новески, Грнчаров, Тодоровски, Ристовски, Марковски, Лазевски, Д. Мојсов.

Среден ред: М. Демири, Тасевски, Стјепановиќ,  Ранѓеловиќ, Глигоров, Блажевски.

Напад: Пандев, Тричковски, Ивановски, А.Ибраими, Трајковски, Јаховиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top