| четврток, 6 декември 2018 |

Издрогиран Турчин гол шетал низ авионот на Меркел

germany_angela_merkel_plane_iran_afp_a_543x275

 

Германските безбедносни служби испитуваат како Турчинот Волкан Т. успеал да влезе во авионот на германската канцеларка Ангела Меркел и да направи штета од 100.000 евра уништувајќи го тепихот на авионот и бојата во кабината, а си играл и со пилотските команди во копилотот.

Според германските медиуми, ситуацијта е уште поневеројатна затоа што 24-годишното момче било затечено полуголо и под дејство на дрога. Со себе имал кеса марихуана и таблетки екстази, а без никакви проблеми влегол во авионот на канцеларката, кој се наоѓал во затворениот воен дел на аеродромот во Келн. Инцидентот се случил на 25 јули и долго се чувал во тајност.

На специјалните сили им требало четири часа за да го извадат од авионот, а успеале да го совладаат откако полициско куче го гризнало.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top