| четврток, 6 декември 2018 |

Илчо Наумоски ќе заигра за Интер

Поранешниот македонски репрезентативец Илчо Наумоски фудбалската кариера ќе ја продолжи во азербејџанскиот Интер Баку

ilco-naumoski-500

Тој уште во петокот пристигнал во тренинг-центарот на овој тим и веќе тренира самостојно, објави „news.az“. Се очекува нашиот напаѓач да потпише едногодишен договор со тимот од Азербејџан, за кој настапува уште еден македонски интернационалец Славчо Ѓеоргиевски.

Последниот негов клуб беше австрискиот Матерсбург, тим за кој настапуваше од 2005 година и на 197 натпревари постигна 46 гола.

За националниот состав на Македонија настапи на 45 средби и постигна 9 гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top