Ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ ја одработуваат третата фаза од подготовките пред почетокот на новата сезона. Екипата е на подготовки во Пореч каде се работи повеќе на техничко-тактички план, но и на физичката подготовка на играчите.
Вардарки го користат ефективно дури и времето за одмор, па си тренираат и во базен.
-Подготовките течат одлично. Овие десетина дена повеќе внимание посветуваме на тактиката, а паралелно работиме и со кондицискиот тренер. Утринските тренинзи се „резервирани“ за физичката подготовка, а попладневните се повеќе за разработување на тактичкиот дел. Посебно внимание во овој дел од подготовките посветуваме на играта во одбраната која е најважна и мислам дека ќе ни донесе многу резултати ако ја вклопиме како што треба – вели левиот бек Марија Штериова во утринскиот „рапорт“ од Пореч.
Подготовките во Пореч ќе траат до 21 август, а потоа заминуваат во Унгарија каде што ќе учествуваат на турнирот „PwC Handball Fiesta 2013“ во Ѓер.
zrkvardar.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.