| четврток, 6 декември 2018 |

Станиќ: Во македонскиот ракомет владее „семејството Дон Корлеоне“

Дарко Станиќ, српскиот репрезентативен ракометен голман, кој со успех настапува за македонскиот клуб Металруг, за српскиот дневен весник „Курир“ изјави дека најголем проблем во македонскиот ракомет му е фамилијата Начевски.

Станиќ на финалниот меч на турнирот во Струга имаше вербален дуел со судијата Славе Николов и беше исклучен од мечот. Токму Славе Николов суди во пар со Ѓорѓи Начевски, син на нашиот поранешен меѓународен судија Драган Начевски и внук на Маријан Начевски, кој е генерален секретар на СЕХА лигата.

– Начевски е позната ракометна фамилија во Македонија. Овде се нарекуваат Дон Корлеоне. Тоа кажува сѐ. Многу се влијателни, но нема потреба да ја шириме приказната сега – изјави Дарко Станиќ за српскиот дневен весник „Курир“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top