| четврток, 6 декември 2018 |

Заев на кафе кај Груевски

Gruevski-zaev-4Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска во 14 часот ќе се сретне со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, објави „Плусинфо“.

Неофицијално, тема на разговор ќе биде сè уште необјавениот извештај на комисијата за настаните од 24 декември, лани. Во саботата Груевски најави дека доколку во наредните денови не се најде решение, ВМРО-ДПМНЕ ќе размисли за нови чекори и за нови стратегии, кои ќе бидат сосема поинакви од она што е сега.

Груевски не обелодени за какви чекори и стратегии станува збор, наместо тоа вината за сè уште необјавениот извештај на ад хок комисијата им ја препиша на внатрешните проблеми кои, според него, ги имаат во СДСМ. Премиерот додаде дека решавањето на проблемите во опозициската партија ќе овозможи и избегнување на негативните последици со есенскиот извештај, од кој зависи европската перспектива на земјата. Извештајот на ад хок комисијата неофицијално запна кај прашањето дали со исфрлувањето на пратениците и новинарите од собраниската сала е прекршен Уставот на РМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top