Некои за да пејат, други за да гледаат. Струмичани, но и оние од другите градови во тој дел од Македонија, излегоа на плоштадот во Струмица за да уживаат во она што ќе им го приреди Северина. Шармирање, провоцирање, скокање, кревање нозе, истакнување на задникот, рекламирање на гаќичките, пеење… Ако ова го нема, тогаш Северина не би била Северина.

Плоштадот во Струмица синоќа беше претесен за да ги собере сите оние што сакаат да уживаат со Северина и Ален Исламовиќ, кои настапија во рамките на „Струмица опен фестивал“. Северина во Струмица, ајде сите на улица. Тоа што настапот на Северина почна на полноќ воопшто не беше проблем да излезат сите, од 7 до 77 години. А, таа, пак, и покрај проблемите со очите и силните болки на кои се пожалила непосредно пред настапот, им приреди на присутните незаборавно доживување.

На „Струмица опен фестивал“, кој траеше десетина дена, настапија Жељко Самарџиќ, групата „Рибља чорба“, Кирил Џајковски, Ален Исламовиќ, Северина, а имаше и трибут за Гоце Арнаудов. Целиот фестивал чини повеќе од 120.000 евра, а настапот на Северина 30.000 евра.
Погледнете ја галеријата од синоќешниот настап на Северина.
Фото: Ѓорги Личовски (Република)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
После порно аферата се повлече од јавноста: Северина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!


