| четврток, 6 декември 2018 |

Северина примена во струмичката болница

sevirina-3

Хрватската пејачка Северина завршила во струмичката болница, јави Press24, повикувајќи се на свои извори.

Хрватската ѕвезда, која е главна ѕвезда на последната вечер на Струмица Опен Фестивал, вчера попладне околу 17 часот се пожалила на силна болка во окото. Веднаш била однесена во струмичката болница, каде специјалист, офталомолог, специјално за неа, бил повикан од дома. Констатирано е присуство на поголемо парче прашина во окото. Со ефикасна интервенција на докторот, парчето кое го иритирало окото било извадено а на Северина и препорачале да не ги става специјалните леќи најмалку 3 часа за да може капките да делуваат.
Проблемот со очите не ја спречи Северина да направи вистински спектакл во Струмица. Нејзиниот концерт се уште е во тек, а според нашиот репортер од таму, на плоштадот Гоце Делчев во центарот на Градот има над 10.000 посетители

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top