| четврток, 6 декември 2018 |

Мелита му вртела на Коце за да спаси кучиња скитници

Инцидентот се случил во населбата Аеродром кога Мелита здогледала шинтерско возило полно со заробени кучиња-скитници. Шинтерите во моментот бркале улично куче кое сакале да го кастрираат, кога познатата водителка и љубител на животните ја почнала кавгата со нив.

Според очевидци, таа не им дозволувала да го уловат, а шинтерите викнале „алфи“.

За настанот пишува порталот „Либертас“, за кој Мелита потврдила како за да му помогне на кучето, од мобилен ѕвонела прво кај градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, а потоа  и кај скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Според неа, тој ѝ помогнал во акцијата за спасување на кучето. Шинтерите се повлекле по интервенцијата на градоначалникот Коце, „алфите“ и насобраните минувачи ја следеле кавгата на Мелита со шинтерите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top