Инцидентот се случил во населбата Аеродром кога Мелита здогледала шинтерско возило полно со заробени кучиња-скитници. Шинтерите во моментот бркале улично куче кое сакале да го кастрираат, кога познатата водителка и љубител на животните ја почнала кавгата со нив.
Според очевидци, таа не им дозволувала да го уловат, а шинтерите викнале „алфи“.
За настанот пишува порталот „Либертас“, за кој Мелита потврдила како за да му помогне на кучето, од мобилен ѕвонела прво кај градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, а потоа и кај скопскиот градоначалник Коце Трајановски.
Според неа, тој ѝ помогнал во акцијата за спасување на кучето. Шинтерите се повлекле по интервенцијата на градоначалникот Коце, „алфите“ и насобраните минувачи ја следеле кавгата на Мелита со шинтерите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.