| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјани се жалат: Во Скопје има 8.000 бездомни кучиња, а летово бројката се зголеми за 700

Расте бројот на кучиња скитници на скопските улици. Според градоначалникот Шилегов, во Скопје има и до 8 илјади бездомни кучиња, а тој број е зголемен за уште седумстотини нови летово.

Од Градот велат дека проблемот е системски, а се трудат да ги ублажат последиците со бесплатно чипување на домашните миленици до наредната пролет, како и со подобрување на инфраструктурата во стационарот Вардариште.

Од здруженијата за заштита на животните го обвинија градоначалникот дека е глув на нивните повици за дискусија за да се изнајде правилна политика на градот за справување со бездомните кучиња по улиците.

Скопјани се жалат. Велат им пречи миризбата која што се создава во центарот на градот од кучињата скитници, кои понекогаш напаѓаат. Бараат градот да ги згрижи бездомните животни.

Синоќа, службеник на Светска банка кој е во посета на мисијата во Македонија бил нападнат од кучиња додека трчал на кејот на Вардар во Скопје, при што паднал и ја искршил ногата, а му помогнале случајни минувачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top