| четврток, 6 декември 2018 |

Искасано девојче во Скопје: Кучиња ја нападнале додека си возела ролери

Овие 2 кучиња ја нападнале ќерка ми вечерва ќерка ми возејќи ролери во близина на Ла Тана… Град Скопје… Секоја чест за системското решавање на проблемот со улични кучиња. Почнувајќи од градоначалник до чистач мамето мамино да ви го наебам. Немој некој да се дрзнал да ми коментирал не се криви кучињата и не знам што… Мамето мамино и на кучињата и на Вас. Не се ни бележени со жолти ленти на ушите.

П.С. Тоа кафеавото ја гризнало

Оваа ФБ порака и фотографија осоамна на социјалните прежи. Револтиран татко објави дека ќерката му била нападната од кучиња и гризната. На ногата на девојчето се гледа отисок од целата уста на кучето. Интересно кучињата се со ремчиња околу вратот, а зошто нападнале не се знае.
Градските власти како и претходните се немоќни да се справат со проблемот на кучињата скитници. Од време на време по вакви настани луѓето фрлаат отров , кој пак од друга страна е опасен токму и за децата.
На објавата за загрижениот татко има многу кометари за поддршка од Скопјани но и барање градот да го реши проблемот.
После сите случаи кои зачестија страшно е штo ништо не се презема реагираат скопјани. Но има и такви кои пак вината за агресивноста на кучињата ја гледат во луѓето. Прво ги земаат па ги напуштаат ги остават на улица, а голем број пак од кучињата се тепани со метални шипки и стануваат агресивни.
Дека состојбата со кучињата скитници е алармантна е објавувањето на информации дека и во другите градови се случно.
“Охрид во паркот кај што се лизгалките за деца, секојденвно има глутница улични кучиња поголеми од мене. Значи јас сум љубител на кучиња, ама мене ми е стварно страв од овие зошто сигурно не се вакцинирани и којзнае какви болести имаат. Господ да ни ги чува децата зошто на никого баш и не му е гајле.”
“Пред некој ден и во Кушево беше гризнато 3 годишно дете”, објавуваат читатели.
Девојчето е во добра здраствена состојба која лекарите ја следат и ја прима вообичаената терапија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top