Поранешниот ракометен репрезентативец Мите Стоилов од денес е нов член на РК Вардар.
Договорот на Стоилов со неговиот поранешен тим Металург заврши ова лето и управата на клубот не сакаше да го продолжи, па со тоа играчот стана слободен за потпишување со друг клуб без обесштетување.
По разговорот со тренерот Зоран Кастратовиќ и со сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко, Стоилов потпиша договор на една плус една година. Тој ќе биде големо засилиување за тимот бидејќи е одличен во одбраната и во нападот.
По задоволувањето на вкусовите на тренерот, Стоилов веднаш се приклучи на подготовките на тимот со останатите играчи.
Во РК Вардар се очекува да дојде и уште еден голман од светска класа, чие име ќе биде обелоденето во наредните денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


