Во ноември 1966 година во малото село Оточек во поранешна СФРЈ се урнал неидентификуван летечки објект, а од него е извлечено непознато суштество, а случајот веднаш добил назнака СТРОГО ДОВЕРЛИВО, пишува босански haber.ba.
На населението и на сведоците им е кажано дека станува збор за воена вежба која ја изведувала Југословенската народна армија.
Иван Крамер, кој пишувал за овој случај уште пред осум години, тврдел дека официјалната верзија значително се разликувала од тоа што навистина се случило.
За телото, делот под земја и металите е кажано дека припаѓаат на пилот на воздухопловството. Деформациите ги објасниле дека се поради огнот и големата температура. Бидејќи настанот се случил ноќно време, темницата им помогнала да ја протуркаат тезата како уверлива. Вонземјанинот веднаш бил префрлен во Белград со амбулантно возило и таму е предадено во воената болница.
За само неколку часа, најважните научници во тогашна Југославија дошле да го испитуваат телото. Меѓу научниците кои ја воделе аутопсијата бил и заставникот Андреј Зобол и два патолога, Никола Јулиќ и Зоран Фредериќ, кои биле од најголема доверба на тогашните југословенски власти.
Најважните моменти за време на аутопсијата биле фотографирани, а фотографиите наводно ги добил авторот во 1999 година од роднина на еден од лекарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.