| четврток, 6 декември 2018 |

Младите македонски кошаркари ако ја победат Финска одат понатаму

Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија денеска го игра клучниот натпревар во групата А на Европското првенство - Б дивизија во Сараево

kadeti-500

По вчерашниот пораз од Естонија (65:68), нашите кадети со победа против Финска ќе се пласираат во следната фаза (четврт-финална група) и притоа ќе ја пренесат таа победа во следната фаза бидејќи денешниот ривал е веќе четврт-финалист (четири победи).

Почетокот на натпреварот е во 14 часот.

Доколку загубат македонските кошаркари, ќе ги очекуваат исходите од другите два дуела во групата: Португалија – Норвешка и Естонија – Бугарија.

Само во случај на победи на Норвешка и на Естонија, нашата кадетска репрезентација нема да се пласира во четврт-финалето (разигрување за пласман од 1. до 8.место.

Табела А група: Финска 4-0 (победи-порази), Македонија 3-1, Естонија 2-2, Португалија 2-2, Бугарија 1-3, Норвешка 0-4.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top