Клубот од „Итихад“ во текот на преодниот период потроши 90 милиони фунти, а во составот летово пристигнаа Фернандињо, Хесус Навас, Алваро Негредо и Стеван Јоветиќ.
„Ја имаме најдобрата екипа во Англија. Доведовме четворица важни фудбалери, кои што дополнително ќе го зголемат квалитетот. Се надевам дека успешно ќе ја отвориме новата сезона против Њукасл и ќе редиме победи се додека не го освоиме трофејот“, вели Чилеанецот за англиските медиуми.
Десниот бек Пабло Забалета, кој минатата година беше прогласен за најдобар играч во редовите на премиерлигашкиот вицепрвак, во избор на навивачите, исто така е оптимист.
„Напорно работевме во текот на подготовките и гладни сме за трофеи. Атмосферата во соблекувалната е извонредна. На новиот менаџер му посакувам се најдобро и се надевам дека ќе има успеси во иднина“, изјави Забалета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Колкаво богатство поседуваат сопствениците на фудбалските тимови од Премиер лигата?
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП