Една од најбогатите и највлијателни жени во светот Опра Винфри, се пожалила дека била жртва на расизам за време на посетата на Швајцарија каде што присуствувала на свадбата на Тина Тарнер.
Винфри при прошетката во еден бутик за женски брендирани чанти во Цирих била навредена кога продавачката и рекла дека „изложените модели се прескапи за вас“, а таа ова го сфатила како расистички напад.
Чантата за која била заинтересирана чинела ни помалку ни повеќе 38.000 долари. Но, за жената чие богаство се проценува на околу две милијарди долари, тоа е цена како за мал сувенир.
– Бев во Цирих во продавница чие име не сакам да го споменам. Немав вештачки трепки, но бев во полно издание Опра Винфри. Имав на себе Дона Каран кошула и мали сандали. Очигледно дека моето шоу не се прикажува во Цирих, се пожали Винфри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


