Американската ТВ водителка Опра Винфри заработи 105 милиони долари со купување на 10 отсто од акциите на компанијата Weight Watchers, која продава производи и услуги за слабеење.
Имено, благодарение на влегувањето на Винфри во сопственичката структура на оваа компанија, вредноста на нивните акции постојано растат. Откако таа плати 43,2 милиони долари за 10% од акциите кон крајот на октомври, вредноста на компанијата е тројно поголема.
Само рекламата на Weight Watchers, во која се појавува токму Опра Винфри, а која го има проблемот со килограмите во поголемиот дел од животот, ја подигна вредноста на акциите оваа компанија за дури 19%.
Опра соопшти дека веќе некое време се наоѓа на режимот на Weight Watchers, чии услуги неретко ги промовира и во својата емисија, а веќе ослабела и неколку килограми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.