| четврток, 6 декември 2018 |

Ексклузивно интервју со Антиќ: Збогум со настапите за репрезентацијата во Словенија на ЕП

FYROM vs LithuaniaОва европ­ско пр­венс­тво е, де­фи­ни­тив­но, мо­е­то пос­лед­но ре­пре­зен­та­тив­но игра­ње. Имав мно­гу об­јас­ну­ва­ња зо­што е тоа та­ка. Се­га ве­ќе се­кое утро и мо­е­то те­ло ми об­јас­ну­ва ме­не, та­ка што ова е де­фи­ни­тив­на од­лу­ка – вели македонскиот кошаркарски репрезентативец Перо Антиќ во ексклузивното интервју дадено за неделникот „Република“.

Тој смета дека на Европ­ско­то пр­венс­тво во Сло­ве­ни­ја македонската репрезентација може да покаже добра игра и да се претстави како сериозен тим, а дру­го­то сѐ ќе си дој­де на свое ме­сто.

Две го­ди­ни по Ли­тва­ни­ја и огром­ни­от пре­чек на пло­шта­дот во Скоп­је. Ка­кви спо­ме­ни бу­дат тие мо­мен­ти? Да­ли под­др­шка­та од на­ви­ва­чи­те и од ма­ке­дон­ска­та јав­ност по­не­ко­гаш е пре­суд­на за до­бри ре­зул­та­ти?
Ан­тиќ: Сним­ки­те од тоа Европ­ско пр­венс­тво, од са­ми­от пре­чек, се мо­е­то ап­че за сми­ру­ва­ње. Се­ко­гаш, на­ве­чер, ко­га сум воз­не­ми­рен, ги гле­дам. Ед­но­став­но, сѐ се сов­пад­на, сѐ бе­ше со­вр­ше­но. Не­што нај­у­ба­во… И по­крај две­те Европ­ски ти­ту­ли, пре­че­кот во Скоп­је по Пр­венс­тво­то во 2011 го­ди­на ми е не­што нај­ми­ло од ка­ри­е­ра­та.

Оче­ку­ва­те ли го­ле­ма под­др­шка од Ма­ке­дон­ци­те за вре­ме на на­ста­пот на ЕП во Сло­ве­ни­ја?
Ан­тиќ: Оче­ку­вам по­се­та на на­ши­те на­ви­ва­чи и мис­лам де­ка та­ква­та под­др­шка ни е по­треб­на. Оче­ку­вам пер­фект­на ор­га­ни­за­ци­ја од Сло­ве­ни­ја. Оче­ку­вам иста­та хе­ми­ја и еу­фо­ри­ја да би­дат пре­суд­ни за до­бар ус­пех.

Како дојде до договорот со Ат­лан­та хокс, што беше пресудно да влезе во НБА лига, кои се зборовите од неговата сопруга со која му дала на знаење дека ова е шанса што не смее да се пропушти, што очекува во НБА лигата, кои се неговите планови можете да прочитате во 49. број на неделникот Република, кој е во продажба од денеска, 9 август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top