–Ова европско првенство е, дефинитивно, моето последно репрезентативно играње. Имав многу објаснувања зошто е тоа така. Сега веќе секое утро и моето тело ми објаснува мене, така што ова е дефинитивна одлука – вели македонскиот кошаркарски репрезентативец Перо Антиќ во ексклузивното интервју дадено за неделникот „Република“.
Тој смета дека на Европското првенство во Словенија македонската репрезентација може да покаже добра игра и да се претстави како сериозен тим, а другото сѐ ќе си дојде на свое место.
Две години по Литванија и огромниот пречек на плоштадот во Скопје. Какви спомени будат тие моменти? Дали поддршката од навивачите и од македонската јавност понекогаш е пресудна за добри резултати?
Антиќ: Снимките од тоа Европско првенство, од самиот пречек, се моето апче за смирување. Секогаш, навечер, кога сум вознемирен, ги гледам. Едноставно, сѐ се совпадна, сѐ беше совршено. Нешто најубаво… И покрај двете Европски титули, пречекот во Скопје по Првенството во 2011 година ми е нешто најмило од кариерата.
Очекувате ли голема поддршка од Македонците за време на настапот на ЕП во Словенија?
Антиќ: Очекувам посета на нашите навивачи и мислам дека таквата поддршка ни е потребна. Очекувам перфектна организација од Словенија. Очекувам истата хемија и еуфорија да бидат пресудни за добар успех.
Како дојде до договорот со Атланта хокс, што беше пресудно да влезе во НБА лига, кои се зборовите од неговата сопруга со која му дала на знаење дека ова е шанса што не смее да се пропушти, што очекува во НБА лигата, кои се неговите планови можете да прочитате во 49. број на неделникот Република, кој е во продажба од денеска, 9 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Бислимовски: РКЕ нуди четири цени на нафтените деровати, но трговците секогаш ја избираат највисоката
-
Тарик Филиповиќ: Жив актер на сцената сѐ уште е мамка за луѓето да доаѓаат во театар
-
Хаос во НБА: Се степаа ѕвездите на Лејкерси и Хјустон! (Видео)