На сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) вечер ќе се одржи стоттата изведба на популарната претстава на Бранислав Нушиќ, „Госпоѓа Министерка“, во режија на Наташа Поплавска. Главната улога ја игра Весна Петрушевска. Од нејзината претпремиера на 27 март 2009 година па до денес, претставата ја гледале 35.000 гледачи.
„Госпоѓа Министерка“, „Чорбаџи Теодос“ и „Сомнително лице“ се трите најизведувани претстави во Македонија. Праизедбата на пиесата од Нушиќ се случи на сцената на Београдското народно позориште во 1929 година, а од октомври истата година премиерно е изведена и во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.