| четврток, 6 декември 2018 |

Берлускони повторно ќе се кандидира за премиер

Поранешниот премиер Силвио Берлускони ќе ја предводи италијанската централна-десница на општите избори идната година, изјави еден од неговите блиски соработници.

Секретарот на партијата Народ на слободата Анџелино Алфано, изјави дека Берлускони му кажал дека „сака да се врати во политиката како протагонист“, јави ДПА.

Алфано изјави дека прелиминарните избори за селекција на централно-десничарски кандидат за премиер се откажани, бидејќи ако Берлускони повторно се кандидира „нема да има наследник“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top