| четврток, 6 декември 2018 |

Наташа Беквалац ограбена на плажа во Закинтос

bekvalacСрпската пејачка Наташа Беквалац останала без паричникот во кој имала кредитни картички и 10.000 евра во кеш додека се сончала на плажа на грчкиот остров Закинтос.

Според српските медиуми, Беквалац не знаела кога точно се случила кражбата, а сфатила дека е ограбена откако се посегнала во торбата да го земе паричникот за да плати сметка.

bekvalac 635332-bekvalac

Парите ги добила неколку часа пред грабежот, како хонорар за концертите што ги одржала на овој грчки остров. Организаторите биле презадоволни од посетеноста на концертите, па на плажа ѝ донеле 10.000 евра, по што заминале. Беквалац останала да ужива на сонцето со ќерката Хана, сестра ѝ Кристина и внуката Петра, а одморот ѝ се претворил во кошмар откако открила дека останала без скршена пара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top