| четврток, 6 декември 2018 |

Наташа Беквалац направи сообраќајна несреќа

Наташа Беквалац вчера доживеа сообраќајна несреќа на пат од Нови Сад за Белград.

Во нејзиниот автомобил удрил друг автомобил, а по ударот возачот се обидел да избега, но бил спречен од маж кој во тој момент поминувал на улицата.

„Се беше ок, се возевме по левата лента и тогаш бум! Секогаш треба да се внимава за себе, но и за останатите“, изјави пејачката, прв пат по сообраќајната несреќа.

За среќа Наташа, нејзината мала ќерка Катја и дадилката кои исто така биле во автомобилот се во ред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top