Српската пејачка Наташа Беквалац останала без паричникот во кој имала кредитни картички и 10.000 евра во кеш додека се сончала на плажа на грчкиот остров Закинтос.
Според српските медиуми, Беквалац не знаела кога точно се случила кражбата, а сфатила дека е ограбена откако се посегнала во торбата да го земе паричникот за да плати сметка.
Парите ги добила неколку часа пред грабежот, како хонорар за концертите што ги одржала на овој грчки остров. Организаторите биле презадоволни од посетеноста на концертите, па на плажа ѝ донеле 10.000 евра, по што заминале. Беквалац останала да ужива на сонцето со ќерката Хана, сестра ѝ Кристина и внуката Петра, а одморот ѝ се претворил во кошмар откако открила дека останала без скршена пара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.