Во второто полуфинале на фудбалскиот турнир Ауди куп што се игра во Минхен актуелниот европски шампион Баерн го победи тимот од Бразил Сао Паоло со 2-0.
Головите беа постигнати во вториот дел од натпреварот. Хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ прв ја затресе мрежата во 55 минута по одлично нафрлената топка во шеснаесетикот од страна на холанѓанецот Ариен Робен. Вториот гол го постигна Веисер во 86 минута. Пред крајот на мечот беше досуден пенал за Сао Паоло кој го изведе Рожерио, но тој не успеа да го намали резултат.
Во финалето утре ќе се сретнат екипите на Манчестер Сити и Баерн Минхен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија